Петре Шилегов освен што е најнеспособниот и најмрзливиот градоначалник на Скопје, сега ќе го паметат и по тоа што го напушти градот во време кога околу Скопје имаше 18 активни пожари. Уште еднаш Шилегов покажа дека не е градски татко туку очув. Очигледно одморот во Хрватска не може да чека, па Шилегов замина и остави цели населби без вода, Охис во пламен, пожари на Водно и Ѓорче Петров и зачадено Скопје – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека и тој како и неговиот лидер Заев кукавички дезертирал и ги оставл граѓаните сами да се справуваат и да се спасуваат.
За ова Шилегов ќе сноси одговорност. Народот ќе го прати на подолг одмор и трајно ќе му ги земе обврските во Град Скопје – додаваат од опозицијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.