За разлика од порано кога ВМРО-ДПМНЕ за Скопје 2014 инвестираше 700 милиони евра во стиропор, камен и бронза, во само 1 километар квадратен во центарот на градот, на Аеродром во овие 4 години му посветивме посебно внимание, истакна вечерва на Караванот “Најдоброто за мојата општина“ во Аеродром кандидатот на СДСМ и на Коалицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.
Тој најави дека за еден месец ќе биде отворен мостот на булеварот АСНОМ, кој беше само ветување од претходните градоначалници, а со неговото поврзување низ Керамидница, со булеварот Гоце Делчев, се отвора нов коридор за 80.000 луѓе заборавени овде во минатото.
Не застануваме тука. Аеродром заслужува уште повеќе, Аеродром заслужува уште подобро, истакна Шилегов, и најави дека Аеродром конечно ќе ја добие и ветената Гимназија.
Шилегов истакна дека граѓаните се важни, и токму затоа започнува проектот Скопје Смарт сити со целосна дигитализација на услугите, преку кој граѓаните директно и сами одлучуваат каде и како се вложуваат нивните пари.
Преку истиот проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари, со што Град Скопје заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија. Овие пари кои ќе се пренаменат за директна финансиска поддршка на граѓаните од различни групи, најави Шилегов.
Тој го презентираше планот за финансиска поддршка за младите со кој се мотивираат младите да не се селат во странство и да останат да живеат во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.