Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во гостување во Дневникот на ТВ „Сител“, изјави дека кон крајот на годинава треба да почнат градежните работи за проектот БРТ (Бас рапид транзит) за современ транспорт во Скопје

Шилегов очекува првата фаза, од Ново Лисиче до гаража Ѓорче Петров, да заврши во 2023, доколку се одвива според планот.

Втората фаза треба да биде завршена во 2024-2025, но, како што најави Шилегов, ќе биде многу покомплексна поради сериозни интервенции во инфраструктурата.

Изработена е целокупното идејно решение и е дадено на експертите на ЕБРД. Очекувам за еден месец да дадат позитивно мислење и тоа да биде основата за да ја спроведеме тендерската постапка. До крајот на јуни би требало да го распишеме тендерот за имплементација, а откако ќе помине тендерот, мислам дека околу нова година ќе ги видиме првите градежни работи – изјави Шилегов, додавајќи дека ЕБРД го поддржала како најзелен проект меѓу стотина „зелени“ градови во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.