Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на вчерашниот настан по повод 2 години на функцијата, го објасни трамвајот што ќе се гради, а за кој преговорите со Владата за финансирање се во завршна фаза.

Трамвај со систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија која ќе го движи. Единствен продизвод од овој трамвај ќе биде водена пареа, односно нула емисија на штетни гасови. Ќе има 24-метарски возила, на секои 4 минути ќе пристига возило на станица и ќе биде тотално издвоен од останатиот сообраќај, рече Шилегов.

Изградбата на инфраструктурата и набавката на возилата ќе чини околу 100 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.