Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје на својот фејсбук профил најави поставување на перголи на 9 топлотни точки во Скопје.
При високи летни температури, во најголемиот дел од урбаните области во големите градови се појавуваат урбани топлински острови (UHI). Станува збор за асфалтни површини кои многу повеќе ја задржуваат топлината во споредба со природните екосистеми и руралните средини, при што топлината која тие ја апсорбираат ја зрачат назад во атмосферата, предизвикувајќи зголемен ризик кај луѓето кои поминуваат низ тие топлотни острови.
За ублажување на оваа проблематика, со мерење со термални камери ги одбравме оние локации во Скопје кај кои ефектот на УТО е најголем, но и кај кои природното разладување, т.е садење на дрвја со кое би се намалила температурата е невозможно бидејќи на овие точки не може да има дрва заради подземната инфраструктура, како и заради безбедност и прегледност во сообраќајот!
На тие 9 топлотни точки во Скопје ќе се постават перголи, кои креирајќи вештачка сенка ќе го намалат ефектот на урбаните топлотни острови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.