Градот Скопје известува дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во среда, 16 септември, во раните утрински часови.
Како што известуваат од градската администрација, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.
Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.