Град Скопје купи четвртина тон апетисани. Фстаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики се дел од набавката објавена на Бирото за јавни набавки. Според техничката спецификација пакувањата на јаткаските производи треба да бидат од 100 до 500 тони грама. Па така од градскиот буџет ќе се исплатат 60 килограми фстаци, 90 кила бадеми, 55 килограми лешници и по 30 килограми кикирики и печени индиски ореви. Или вкупно 265 килограми апетисани, кои чинат речиси 3.000 евра, објави „Сител“.
Според набавената количина Градската управа месечно ќе може да троши по 11 килограми апетисани. Набавката се однесува за две години. На тендерот имало само еден понудувач. Освен ова градот набавува и сувоместани производи и тоа свинска и телешка печеница, виршли и салами , врат, колбасици и вакумирани пилешки гради.
Од млечни производи овчо и кравјо сирење, јогурт со висока масленост, путер, овчи кашкавал и млеко. Конзерви риба и месен нарезок, јајца, ајвар, мед мармалад , а набавени се количини и од овошје и зеленчук. Од Град Скопје велат викендов ќе ја анализираат набавката и во понеделник ќе одговорат за што ќе се користат сите овие производи.
Вкупната вредност на целиот договор е над 21 илјада евра.
Погледнете што нарачува Град Скопје:
За овие производи ќе бидат исплатени огромни суми на пари, што е скандалозно расипнички трошење. Ништо од ова не е за потребите на граѓаните, туку за луксузирање и свој мерак.
КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ СЕВО ОВА?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.