Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов го крши изборниот закон, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Изгледа гори под нозе па затоа му се брза да распишува тендери и уште повеќе се закопува. Мисли дека ако со ваков гол популизам ќе се спаси од катастрофален пораз и ќе се претстави дека нешто сработил, тогаш се лаже.

Проектот кој што денес спротивно на закон го тендерира, на само два три дена од изборниот пораз кој ќе го доживее, е критизиран од јавноста.

Народот виде каков неработник е, а веќе се гледа и дека отишол од другата страна на законот.

Со прст не мрда 4 години за градот Скопје и затоа на 31-ви ќе му биде испорачана сметката од граѓаните во форма на изборна казна. А за други казни ќе одлучува ослободеното правосудство многу скоро, реагираат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.