Петре Шилегов одмора, никаде го нема. Скопје и Македонија изгореа, Шилегов сеуште лежи на суперлуксузен одмор, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани, во хотел Монте Мулини, суперлуксузен хотел во Ровињ, Хрватска, За 6 ноќи за двајца треба да платите 12.300 евра, Три просечни плати за еден ден одмор во суперлуксузниот хотел во Ровињ. 15 дена Шилегов е во Ровињ, одмора. Сарај, Скопје, Македонија може да изгорат, Шилегов одмара. 15 дена слушаме од ЦУК дека Сарај гори, Сарај е во опасност од пожари, од подземни жаришта. 15 дена не може да се изгаснат пожари на 5 километри од Скопје. Ама Шилегов одмора никаде го нема. 15 дена го нема. Изгоре Македонија, тој е во Ровињ. Почитувани, Сарај е зафатен со опасни пожари, оној Стојанче Ангелов вели тлее подземен оган којшто не може да го изгаснат. А Шилегов одмора 15 дена во Ровињ. Шилегов бега од одговорност. Да беше доблесен, веднаш ќе се вратеше. Но Шилегов дезертираше пред опасност за Скопје. Шилегов е недостоен, ниту за Скопје ниту за ЗЕЛС. Доколку има грам доблест Петре Шилегов веднаш мора да се појави во Скопје и да каже дали за цело време додека цела Македонија стравуваше пред пеплосување, тој остана во Ровињ, прашува Стоилковски.
Тој додава дека Македонија изгоре, Скопје се палеше, сега Сарај е во опасност, а тој од хрватските плажи во Ровињ пушта слики на социјални мрежи. Во Сарај и во Скопје ќе дојде пред избори, да моли за гласови.
-Почитувани, цел свет се смее на ФАПот стар 50 години. Одмор во Ровињ од 6 дена чини над 12.300 евра. Три просечни македонски плати за еден ден одмор! Петре Шилегов го нема 15 дена! За Скопје, нема полошо од Шилегов, потенцира Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.