Актуелнот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, денеска оствари средба со генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, на која дискутирале за состојбите во главниот град.

Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура, истакнал Шилегов на средбата.

Како што информира прес-службата на Шилегов, на средбата се дискутирало за поддршката за Шилегов од Беса, која е дел од владејачкото мнозинство, но на локалните избори настапи надвор од блокот на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.