На денешен ден пред 80 години, како одмазда за напуштањето на Тројниот пакт, нацистичка Германија го нападна Кралството Југославија со над 800.000 војници.
Во нападот Македонија имаше првостепено стратешко значење поради својата положба, и како резултат, Скопје беше бомбардирано од Луфтвафе, при што загинаа 100-ина луѓе, а беа срушени и десетици згради и друга инфраструктура. Со тоа започна Втората Светска Војна во Скопје – еден од најмрачните периоди за градот кога неколку илјади Скопјани ги загубија своите животи. Нека е вечен споменот на овие луѓе и нека овој датум не потсеќа на нашите желби овој ден никогаш да не се повтори, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.