Петре Шилегов бара од Министерството за внатрешни работи, конкретно од СВР Скопје за сообраќај, поревносно да си ја вршат работата во спречувањето на дивите трки, на кои се повеќе реагираат граѓаните.
Тој вели дека сега инфраструктурата во главниот град е многу поквалитетна, и веројатно е тоа предизвик за несовесни граѓани да дивеат по улиците.
Инфраструктурата сега е многу поквалитетна и веројатно е предизвик за недисциплинираните граѓани. Јас апелирам МВР и СВР Скопје поревносно да си ја вршат својата работа, со цел оваа квалитетна инфраструктура да не биде злоупотребувана од несовесните граѓани – рече Шилегов.
Тој нагласи дека сите инстанци треба да си ја вршат својата работа, нагласувајќи дека е во координација со Градскиот секретаријат за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.