Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Универзална сала можеби и ќе беше завршена да не требаше да се платат 1.7 милиони евра за противпожарната скала, каква што во Загреб е платена за 900.000 евра.

 

Универзална сала сигурно ќе беше завршена и Шилегов ќе ја направеше, ама мораше да распише местен тендер од 300.000 евра за да ги покрие градежните зафати на Варшавска каде плаќал и до 8 пати повеќе од претходно.

 

Шилегов можеби и ќе ја направеше Универзална, ама цел мандат се мисли како да ги пробие тунелите под Кале.

 

Универзална можеби ќе беше направена, но Шилегов имаше други приоритети – се наведува во еакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.