Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проектот „Гранд“ предвиден да се гради на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ изјави дека мора да се почитуваат законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Шилегов порача дека тоа е нешто што треба да го сработат урбанистите.
Во гостување во Дневникот на ТВ „Сител“, Шилегов изјави дека очекува Општина Центар да изработи елаборат и ако има отстапување во однос на ГУП, треба да донесе соодветен план што ќе одговара на неговите параметри.
Шилегов појасни дека суспензија на проектот би значело дека во наредните шест месеци Општина Центар нема да може да го применува Решението што го предвидела во ДУП-от, а тоа значи и дека е должна во тие шест месеци да ги отстрани неговите недостатоци.
Законот предвидува како треба да постапи Општина Центар ако се утврди дека има отстапување од ГУП, кој е врвен урбанистички документ во градот. Излезот е само во она што го предвидел градот за изградба на објекти на определено место, односно колку ќе бидат на број и какви по габарит, а сè друго се субјективни мислења кои не е добро да се даваат во ваква „зовриена ситуација“. Охрабрувам да има ред и законитост во постапките, а тоа значи дека ако имаме отстапување на ДУП во однос на позициите што ги има ГУП-от, да се изработи елаборат со кој би се утврдило евентуално надминување на вредностите што ги содржи ГУП и, согласно тоа, ако постојат услови да се изрече суспензија на дел од ДУП-от – истакна Шилегов.
Во врска со овој проект, Шилегов изјави дека е свесен и за сериозно супстандардните услови на 2.000 граѓани кои живеат таму, а се во центарот на градот.
Од друга страна, немаме ни право да стопираме за тие луѓе, кои ни криви ни должни во послените 50-60 години не можеле ниту да ги реновираат своите домови поради различни ограничувања што постеле. Затоа, мислам дека целата позиција треба да се гледа со пристојно внимавање на законските прописи, без да правиме непотребна атмосфера – додаде скопскиот градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.