Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Серава, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година.
Предмет на оваа Студија беше да истражи кои се условите и можностите за воспоставување зелен коридор по должината на реката Лепенец, од клучката кај село Орман до вливот во реката Вардар, како и по течението на река Серава, од изворот до вливот во река Вардар.
Шилегов се заблагодари до УНДП, ГИМ и до тимот експерти кои го изработија Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Серава и појасни дека реката Серава, како поројна река, која во минатото предизвикувала проблеми со излевање, одамна е регулирана, делумно со канали, а делумно е водена под земја.
Нејзината улога во пренос на свежите воздушни маси од планината Скопска Црна Гора, каде што извира, е несомнена. Двете реки, за жал, се користат како реципиенти на отпадни и фекални води од домаќинствата и од производните објекти. Воспоставувањето на зелените коридори на овие две реки значи ставање крај на ваквото уништување на природните убавини со кои Шилегов: . На одредени делници, покрај реките, се исфрла отпад, комунален и градежен шут, што значително ги девалвира вредностите на реките и нивните крајбрежја. Затоа, целта на овој проект е да се сочува автентичноста на природните вредности на крајбрежјето на Серава на начин што ќе бидат обезбедени посебни услови за одмор и рекреација на жителите од населбите низ кои минува оваа река. Јас многу не би навлегувал во стручниот дел од оваа презентација, повеќе сакам заедно да ја погледнеме презентацијата со цел да можете да ги поставите вашите прашања и да ни ги испратите вашите стручни коментари – порача Шилегов.
Тој нагласи дека ваквите проекти не смеат да се реализираат паушално и набрзина зашто зелените коридори на Лепенец и на Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.