Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави промена на именува улици во Скопје. Покрај селото Нивици каде беше потишана промена на името ќе се слави и призренска лига која ја основа идејата за Голема Албанија.
Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња-напиша Шилегов.
Па така, нови имиња на улици ќе добијат Призрени Имерделегат на Призренската Лига. Шкупи Јашар Беј, кој бил претседател на скопската филијала на Призренската лига и управител на Скопје во 1880/1981 година.
Чест ќе му биде направен и на поранешниот градоначалник на Урошевац Шуку Халим, како и на Али Маткалиу Ибрахим, член на Скопскиот огранок на Призренската Лига.
Голема Албанија сонот и идеалот за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Оваа идеја, застапувана од Призренската лига (1878), барала во албанската држава да влезат и неалбански етничко-историски територии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.