Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се осмели да излезе од зад бината и да каже збор-два и да му честита на европскиот првак во борење Бесир Алили.

Шилегов, кој исто така, беше домаќин и на пречекот на ракометниот првак Вардар остана во сенката на своите и политиките на својата партија и јасно изразеното расположение на ракоемтарите и на илјадитната публика на плоштадот Македонија, па како попарен дремеше зад бината и не се осмели да излезе и да им честита на шампионите.

Градоначалникот Шилегов и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, во присуство на голем број граѓани на плоштадот Скендербег, го пречекаа Бесир Алили, кој го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

Ова е голем успех за младиот Алили кој се натпреваруваше во категорија слободен стил до 48 килограми и претставува прв златен медал за македонски репрезентативец на европско кадетско првенство.

Во текот на утрешниот ден Бесир Алили ќе оствари и средба со градоначалникот Шилегов.

Град Скопје секогаш ќе ги поддржува спортистите и сите големи спортски успеси затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. За потсетување, Град Скопје во 2018 година го прогласи Бесир Алили за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата – Најталентиран млад спортист – кадет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.