Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го покажа одобрението од Општина Карпош за реконструкција на неговата семејна куќа.
Тој вели дека со овој документ, лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека тоа го правел без одобрение. Истото, вели тој, е издадено во декември 2020.
Семејната куќа е изградена 1995 од мојот покоен татко, јас сум нејзин сопственик од 2006. Јас сум сопственик на куќа од приземје, прв, втор кат и кров. Фактичката состојба е и денеска. Ништо не е додадено во имотниот лист, изјави Шилегов.
Шилегов го покажа и решението за приватизацијата на градежнопто земјиште, демантирајќи дека не е сопственик на парцелата.
Рече дека не слушнал од опозицијата никаква идеја за политиките за Скопје, но и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот градоначалник Коце Трајановски „се кријат зад“ Данела Арсовска како независен кандидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.