Зимската служба на Град Скопје врши превентивна интервенција на критичните точки и мостовите во градот, заради најавените врнежи од снег и ниските температури, објави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а улиците низ градот се нерасчистени и подмрзнати поради многу ниските темератури. Преходно, кога немаше најави за снежни врнежи, Шилегов се фалаше дека Градот спремно ќе ја дочека зимата.

Зимската служба на Град Скопје врши превентивна интервенција на критичните точки и мостовите во градот, заради најавените врнежи од снег и ниските температури.

Posted by Петре Шилегов on Saturday, 13 February 2021

Општина Центар подготвена ги дочека денешните снежни врнежи. Зимската служба е веќе на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под наша надлежност, објави Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, но состојбата на теренот го демантира. Граѓаните од Дебар Маало се жалат дека улиците се нерасчистени.

Слична е ситуацијата и со булеварите, како овој на пример, „Борис Тајковски“, каде што возењето автомобил е отежнато поради нерасчистениот снег. Претходно, Шилегов кога немаше никаква најава за снежни врнежи, се фалаше дека Градот е подготвен за оваа зима.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.