Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва објави на Фејбук дека го победил коронавирусот и дека утре се враќа на работните обврски.
Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.
И официјално, невидливиот противник е победен.
Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.
Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби 😉.
Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме !, напиша Шилегов.
Тој објави дека е позитивен на корона вирусот пред околу две недели, по што беше во самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.