Шилегов кога веќе е неработник, барем е добар повторувач, нема прес на Арсовска кој Шилегов не го повтори. Така е и денес.Тој секој ден ги гледа проектите и пресовите на Данела, а потоа половично ги предлага и прераскажува како свои, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Данела предлага 5 мега паркови кои ќе ги реализира, еколошки јавен превоз кој ќе биде целосно бесплатен.
Шилегов не само што е повторувач, туку и непоправливо лош ученик, 4 години не успеа да запамети кои му се ингеренциите.
Градинките за каде предлага покривање на 50% од месечниот надоместок на храна за децата се под надлежност на општините, а не градот Скопје.
Данела Арсовска предложи бесплатен превоз за сите, Шилегов предложи бесплатен превоз за пензионери.
Данела Арсовска предложи пешачка зона, потоа Шилегов го предлага истото.
Но нека не се мачи Шилегов ако не научил до сега нема да може ниту за две три недели уште колку му остануваат како градоначалник на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.