Шилегов ги обвини Скопјани дека голем дел од граѓаните најверојатно го искористиле полицискиот час за викендот за да ги исчистат  своите домови пред Велигден и посочи дека денеска биле подигнати 173 стари фирижидери, многу стари чевли и јакни, болјерчиња, вц шолји,…

-Полицискиот час подразбира дека не треба да излезете и да го фрлите ѓубрето. Ние немавме проблем со комуналниот отпад и нема да имаме. Од вечерва редовно ќе почне да работи и третата смена во Комунална хигиена, рече Шилегов и додаде дека не очекува вакви слики да има во иднина.

Посочи дека и останатите општини во земјава викендов се соочиле со проблеми со комуналниот отпад поради 61-часовниот полициски час воведен за спречување на ширењето на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.