Висока топола денеска падна од пилата нарачана од Петре Шилегов. Денеска се сечеа нова тура на дрвја во главниот град, овојпат на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, која е под надлежност на Град Скопје.

Неодамна беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улицата, а од Градот потенцираа дека трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет. Сечењето на дрвја не беше најавено.

Инаку, „Борис Сарафов“ е истата улица за која Шилегов го обвини Коце Трајановски дека ја крстил по убиецот на Ѓорче Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.