Градоначалникот Шилегов убедува  дека ќе распише нов тендер за избор на фирма која ќе го направи проектот за тунелот под Кале. Тој  го раскина договорот со првата фирма бидејќи не испорачала проект до истекот на рокот.

„Јас сум човек кој преферира добро да испланира пред да влезе во реализација, затоа и многумина мислеа дека првата година градоначалникот не работи ништо. Но, видовте дека како влеговме во реализација немаме застанато и јас немам намера да застанам, дали нареднава една, дали наредниве пет години. Во таа една, односно пет години ќе дојде до реализација и на тунелите,“ Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.