Добив недвосмислена поддршка да го продолжиме успешниот мандат и да го заокружиме се она што ќе значи решавање на проблемите на скопјани за следните 50 години.
Чест ми е што бев поканет да се обратам на овој собир во Чаир организиран од бошњачката партија СДА и претседателот Џелал Хоџиќ коишто ми ја даваат целосната поддршка за следниот мандат во Скопје. Заедно со носителката на листа за Град Скопје, Софија Пејкова и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу ве уверуваме дека тука нема да застанеме, затоа што во наредните 4 години ќе го прошириме бул. Цветан Димов со 6 ленти, ул. Лазо Трповски ја пробиваме до Пластичарска, а бул. Џон Кенеди го пробиваме до касарна Илинден.
Навистина ми е задоволство да се обратам пред вас, мои драги сограѓани, каде слободно можам да кажам дека она што го зборувавме пред 4 години, успеавме заедно да го направиме, а тоа е Скопје да го вратиме во правец каков што сите ние заслужуваме да биде – модерен, зелен и функционален град, а пред сè, еднаков за сите!, објави на Фејсбук, актуелниот и кандидатот на СДСМ за уште еден мандат, Петре Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.