Додека скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии, Шилегов си пишува статуси од плажа во Хрватска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека дивата депонија Вардариште гори, Шилегов ги напушти скопјани. Во моментот главниот град на државата нема водство, како што челникот на Владата Заев дезертираше во Хрватска. Никаде ги нема скалите од 2 милиони евра, додека Скопје тоне во пожари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваат Шилегов итно да го прекине одморот во Хрватска и да понесе одговорност што Скопјани ги остави на цедило

Лажни се неговите фб статуси со фалбите за наводната работа додека пет пари не дава за Скопје на плажите во Ровињ, Хрватска. Градот Скопје е потенцијално жариште на големи потенцијални огнени стихии, а Шилегов е на скап одмор, тоа е потценување на скопјани. Градот во моментот е без кризен штаб што треба да ги превенира и менаџира заканите од пожар, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.