Петре Шилегов да каже кога повеќе ги лажеше скопјани, сега кога се самопрогласи за ненадлежен, или кога ветуваше враќање на животот Езеро Треска, реагира советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.

Според нив, неуспехот за возобновување на езерото Треска е директен неуспех и последица на неспособноста на Петре Шилегов.

Груба невистина е правдањето на Шилегов дека поради тоа што се пренесени надлежностите од градот Скопје на општината Сарај, тој не може да реагира и да ја спаси Треска. Ако тоа е така зошто тогаш Петре Шилегов свесно ги донесе во заблуда Скопјани кога во својата програма вети „рехабилитација на езерото Треска“, кој го опишува за негов „стратешки приоритет“. Во неговата програма на страница 27, стои ветување „Излетнички центар назад кај граѓаните“. Шилегов „ветува со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот „Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка“ стои во програмата на Шилегов, велат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.

Спроед нив, дополнително, градот Скопје на почетокот на мандатот издвои 7 милиони денари за изработка на проект за ревитализација од кој по 3 години нема буквално ништо.

Сега кога се поставува на маса ова неостварено ветување Шилегов вели дека тоа не е негова надлежност. Оттука го прашуваме Шилегов кога ги лажеше Скопјани повеќе, сега кога вели дека не е негова надлежност езеро Треска или пред три години кога во програма ветуваше враќање во живот на езеро Треска. Ќе потсетиме дека и за дивите платформи на „Матка“ Шилегов ветуваше дека ќе се срушат, но откако се изградија тој се прогласи за ненадлежен. Веројатно Шилегов се навикна да си дава вака евтини автоголови, адекватно на неговата евтина квазиреторика и политиканство, својствени за градоначалник политикант како што е Шилегов, велат советниците на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.