Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во Град Скопје истакнува дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во желбата за евтин сензационализам во случајот со казнетите таксисти, изврши незаконско дело – неовластено откривање на лични податоци.
Сакајќи да се пофали со изречените глоби, адвокатот Шилегов незаконски им ги објави матичните броеви на таксистите врз кои е изречена казна. Казната предвидена со законот за заштита на личните податоци, кршејќи го член 23 е до 3.000 евра и било хумано дело престапникот Шилегов да ги плати овие пари за казните изречени на таксистите, реагираат советниците.
Тир ја повикаа Дирекцијата за заштита на лични податоци да реагира на ваквото кршење на законот.
Наместо Шилегов да се фали со казнување на таксисти, нека ги засука ракавите и нека почне да ги санкционира големите загадувачи на градот Скопје кои и понатаму го загадуваат градот и нека почне по две години спиење да ги решава проблемите на Скопјани, додаваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.