Голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично.
Ова денеска го истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов на бизнис-форумот меѓу Република Македонија и Чешката Република.
Заштитата на животната средина за Република Македонија, а особено за Град Скопје, претставува едно огромно поле на кое постојат многу отворени можности за соработка. Ме радува фактот што голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично, рече Шилегов кој додаде дека тој и градската администрација им се на располагање на сите заинтересирани компании.
Според него, во работниот дел на овој форум ќе се отворат нови можности за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.