Актуелниот градоначалник и второпласиран кандидат за градоначалник на Скопје Петре Шилегов размислувал да се повлече од изборната трка, велат за НетПрес извори од владејачката партија.
Порталот пишува дека Шилегов наводно бил многу разочаран од големиот број изгубени гласови во однос на претходните локални избори, па затоа бил на мисла да се повлече. Ваквите информации, изворите од СДСМ, ги поткрепуваат и со тоа дека од неделата до сега, Шилегов премногу пасивно се однесувал во изборната кампањата.
Од друга страна, пак, партиски извори од ВМРО ДПМНЕ, брифираат за Нетпрес дека партијата е многу блиску до формирање мнозинство во Советот на град Скопје.
ВМРО ДПМНЕ освои 18 советнички места, а за мнозинство им недостасуваат уште 5. Засега од партијата не откриваат со кои 5 советници на чекор до договор за формирање мнозинство скопскиот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.