Шилегов 4 години лаже за реконструкција на Универзална сала, а сега лицемерно зборува за култура, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Четири години Универзална сала стои како руина во сред Скопје, затворена, без воопшто да се користи.
Реконструкцијата на Универзална сала беше едно од клучните ветувања на Шилегов, помина цел мандат, тој ништо не направи.
Сите културни настани се минимизирани и не се води грижа за културата.
Нема ниту една инвестиција во културата, ниту програмски, ниту инфраструктурно во нови објекти.
Градот Скопје ќе го смени пристапот кон културата на подобро по локалните избори, тогаш и Шилегов ќе види како се работи за Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.