Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2022 година, со вкупна вредност од 362.829.000 денари или приближно 6 милиони евра.

Истиот е во насока на реализација на капиталните проекти кои се ветени во мојата изборна програма и најголемиот дел од нив ќе придонесат за почиста, позелена и помодерна Општина Илинден.

 

Како приоритетни области во наредната 2022 година ќе бидат подобрувањето на патната инфраструктура, вложување во модернизација на образованието, изградба на фекална канализација и пречистителни станици, многу ново зеленило и дрвја, одржување на комунална хигиена и друго – информира градоначланикот Александар Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.