Мајка со пет веќе пораснати кутриња, сите скитници, влетуваат во кадар додека директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ дава изјава за ТВ21. Ова е нормална слика, која по затворањето на стационарот „Вардариште“ уште поинтензивно се гледа низ целиот главен град.
Нема ден, а да нема пријава во полиција од најмалку едно каснато лице.
Во меѓувреме, долгонајавуваниот стационар „Лајка“ на Петре Шилегов повторно не се отвори, иако скопскиот градоначалник излажа дека ќе се отвори минатата среда. Како и сите претходни најави поврзани со овој стационар, така и оваа, останаа неисполнети.
Во саботата, поторно без срам Шилегов на „Фејсбук“ напиша: „Последни подготовки за отворањето на ЈП Лајка“. За тоа зошто ни во средата, по повеќе од година и половина од решението за негово формирање стационарот не е отворен – од Градот немаат одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.