Најмалку шест часа без вода без претходна најава ќе бидат жителите на булевар „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. Велат дека ова им се случува вторпат за само три дена.
-Со две мали деца денеска треба да се снаоѓаме без вода најмалку шест часа. Кога се јавив во „Водовод и канализацоја“ да прашам зошто во 9 часот снема вода, а во 10 часот се уште нема ми рекоа дека нема кај нив никаков дефект, дека некој од станарите приватно нешто работи и дека сам ја има исклучено водата. Откако исконтактирав со куќен совет, повторно се јавив да им посочам дека сепак има дефект. Оттаму ми рекоа, да има дефект сега се информиравме – вели жител од булевар Кочо Рацин.
На реакцијата на жителите дека не може да ги остават без вода најмалку шест часа без претходно да најават, од Водовод и канализација им одговориле дека не е точно дека не е најавено на нивната бев страница.
Беше најавено дека без вода ќе остане сосема друга зграда. Во најавата е посочено дека дефектот се однесува за зграда 78. Но без вода се и сите околни згради. Во Водовод ми рекоа дека тоа е исто… Ако не па за секоја најава за прекин на водоснабдување во центар за секој случај да се подготвиме да не снема случајно и кај нас, зошто нели, тоа е исто, Центар е – коментираат револтираните жители.
Жителите од овој дел реагираат дека пред само неколку дена биле 12 часа без вода. Без никаква најава водата била исклучена ноќта, сабота кон недела и вода немало до неделата напладне.
-Не знам проблемите со водата дали се последица на реконструкцијата на булеварот 11 Октомври, но се направи тотален хаос во овој дел. Не ми е јасно зошто не се санираше булеварот за време на полицискиот час заради короната во изминатиот период туку сега во септември, кога почнуваат гужвите. Хаос во сообраќајот се прави уште во 7 часот наутро, свират сирени на автомобилите, станарите не можт ниту да влезат ниту да излезат од паркинг поради гужвата која се создава – додаваат жителите од овој дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.