„Шанса за Центар“ го собра потребниот број потписи за да оди на избори. Тие ги доставија до Државната изборна комисија. Тие и официјално се учесници на престојните локални избори. Сметаат дека на изборите ќе покажат дека може различно од она што досега се гледало во скопски Центар. Потписите ги собраа три дена.
„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители на Центар,активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спорт, култура и други области кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина.
„Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса! За Центар како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување. Ќе инсистираме идните планови да не се изработуваат зад затворени врати и во интерес на само малкумина. Плановите мора да бидат резултат на анализи, по мерка на жителите и со приоритет на заедничкиот пред личниот интерес. Тие мора да се спроведуваат правично и законски, еднакво за сите, без „попусти“ за никого. Пристапот кон информации за секој план и секоја дозвола не смее да биде загрозен. Нашата цел се потребите на граѓаните. Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Да дадеме шанса да се направи различно. Преку советот на општината имаме шанса да влијаеме за одржливо решение за финансирање на нашата општина, различно од сегашното каде главен извор на пари се приходите од градењето на згради или продажба на земјиште за градење“, објавија тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.