Според првичните резултати, Шанса за Центар е на третото место по бројот на освоени гласови. Од таму се заблагодарија на нивните подржувачи и на нашите гласачите кои ја препознаа, како што велат ,оваа шанса за поинаков Совет на општина Центар и потврдија каде е најголемата моќ за подобри локални политики.
„Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме. Голема благодарност до најтесниот тим, до креативниот тим, до сите оние кои се приклучија на нашата платформа и ги вложија своите ресурси во реализација оваа идеја. Сакам да порачам дека нашата иницијативата полна енергија и ентузијазам, солидарност и сплотеност ќе продолжи и ќе расте. Во неа сме обединети граѓани со исти вредностите за достоинствен живот, инклузивност и еднаков пристап до јавните ресурси. Иднината ќе ја обележиме со поддршката кон нашите советници и во чекорите кои следат, во креирање квалитетни решенија за унапредување на квалитетот на живот во Општина Центар, велат од Шанса за Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.