Состојбите мора да се подобруваат, не смее да живееме со тоа “ајде можеме“. Јас овој град го сакам, треба со лична заложба и пример да се средуваат состојбите, кажа Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.
Три и пол години нема ништо во Скопје, а сега само козметички зафати. Мотивити не треба да се бараат од Бени, сам граѓанинот нека прошета и ќе види. Се можам да разберам, ама можеа барем една церада (зградата на ЕСМ) да стават. Јас како човек кој си го сака својот град, локал патриот, не ми е сеедно. Да не зборуваме колку ѓубре има во градот. Воздухот е валкан, и сите деца го дишат тој воздух. Скопје стана сив град, кој не дише, не пулсира, вели Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.