Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Станува збор за сестра Нашиде Емини вработена на Одделот за дерматовенерологија во градската општа болница „8-ми Септември“.

Веста за згаснувањето на животот беше објавена на „Фејсбук“ на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје“, се вели во објавата.

Влат дека ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата на медицински сестри и целото членство изразувија длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.