Сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за утре најавија Марш на црвените чадори.

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија, велат организаторите на настанот.

Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.