Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој вечерва учествува во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа се осмели да одговори на прашање поставено преку Твитер „Од која ракија боли најмногу глава после пијанство“.

Во периодот кога бев жесток опозиционер и еден од перјаниците на опозицијата имав девет контроли на потеклото на имотот. Им се смеев на инспекторите – што ќе најдете деветтиот пат што не најдовте осмиот. Бидејќи не можеше да му се најде слаба точка на Петре Шилегов, тогаш влезе во игра црната пропаганда да се направи лична дискредитација на Петре Шилегов дека е пијандура. Тоа е црната кампања за мене. Не знам од која ракија боли глава, затоа што ракија и алкохол многу ретко пијам во животот. 

Шилегов рече дека само луѓе материјално и интелектуално инфериорни кога гледаат некој сосема опозитен на себе велат дека тој е пијандура.

Најчесто тоа ми го кажуваат луѓе кои не ги бива за ништо во животот. Би сакал тие кои го пишуваат тоа да дојдат и во лице да видиме кои сме и што сме. Обично луѓето за другите ги кажуваат раборите кои ги живеат. Секоја втора пијандура во оваа држава мене ми вика дека сум пијандура, рече Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.