На десетти декември навршува една година од исчезнувањето на Пино Секондо. Неговата мајка Маја Трпковска најави дека по тој повод во 17 часот ќе организизра мирен протест во сеќавање на убиениот син.
Денот кога моето синче исчезна. Денот кога моето дете го убија. Денот кога Ангела Георгиевска и Али Фуркан се ставија на местото на Господ и му го одзедоа животто на мето дете. Во име на моето дете и во име на сите синовоци и ќерки кои се исчезнати, убиени и починато во Република Македонија, ве молам да додјете на овој мирен протест. Дојдете за сите деца. Тоа што му се случи на моето дете, може да му се случи на секое друго дете и уште една мајка, татко, брат, сестра да страдаат како мене… Ви благодарам на поддршката, пишува во повикот на Маја Трпковска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.