Во минатите 24 часа во Kовид центрите во Скопје се хоспитализрани седум нови пациенти поради компликации предизвикани од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало два приема и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Во Ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во Ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во Ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести пет пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.