Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани седум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 202 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективното одделение во Тетово има честири пациенти, во Велес се лекуваат 15 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид-центарот во Гостивар пет, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани четири, во Кичево седум, Кавадарци шест, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.