Автобус со средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ кој патувал од Будимпешта кон Скопје запрел на мост поради дефект.

Учениците чекале околу 5 часа на местото дури агенцијата „Ројал старс травел“ да испрати исправен автобус .

Од агенцијата се правдаат дека возилото поминало технички преглед.

Директорот на училиштето Александар Канурков вели дека треба да се изменат правилниците за вакви екскурзии.

Родителите се револтирани и велат дека ќе бараат одговорност од агенцијата зошто со вакви неисправни автобуси се дозволува вакви долги патувања и е загрозена безбедноста на нивните деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.