Наставничките, воспитувачките и вработените во основните училишта и детските градинки од скопската општина Центар се вакцинираа против ковид-19 во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Претходно се вакцинираа наставничките од прво до трето одделение од скопските општини Карпош и Аеродром.
Вакцинирањето против вирусот КОВИД 19 е дел од активностите кои Владата ги спроведува за справување со моменталната глобална пандемија на коронавирус, која не ја одмина ни нашата држава.
Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките препорачани од надлежните институции, да носат заштитни маски и да бидат одговорни, затоа што само така сите заедно ќе излеземе како победници од оваа пандемија на корноавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.