И денес течат активностите за чистење и средување на околината на трим патеката во општина Кисела Вода.

Сезонските работници, ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на општината, од вчера вршат расчистување на ова шеталиште во општината. Се коси нараснатата тревна вегетација, се метат паднатите лисја, се собира отпадот, се врши миење на патеката.

Овие активности се дел од големото генерално чистење на општина Кисела Вода, кое ќе трае и во наредните денови и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници.

Како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, хигиената во општината ќе биде на највисоко ниво, а ваквите акции ќе бидат чести.

Целта ни е да создадеме средина која ќе биде пријатна за живеење, и во еколошка и во естетска смисла. За тоа ќе ги употребиме сите ресурси што ги поседува Општината – наведе Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.