Од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз, информира ЈСП Скопје.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки, велат од ЈСП Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.