На скопските улици во овој момент се одржува 15 јубилеен Виз Ер Скопски маратон.
Учество на маратонот имаат околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави кои пак ќе се тркаат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри.
Дамите во најголем број се пријавени на најкратката трка каде се пријавени 9500 учесници.
Во трката ќе учествуваат натпреварувачи од Етиопија и Кенија, а се очекуваат и нови рекорди.
Директорот на маратонот Кире Синадиновски соопшти дека сумата на награднот фонд е 18 000 евра, а најдобрите ќе може да освојат максимум 5 000 евра.
Со цел пак да се мотивираат домашните маратонци организаторите предвиделе и посебен награден фонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.