Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, објави иронично видео како коментар за недоличното однесување на градоначалникот на Скопје, кој пред да даде изјава за медиумите свиркаше по своја соработничка.
Во својот видео-коментар, стоилковски потсетува на неисполнетите ветувања и нереализирани проекти на Шилегов.
Се што вети… зиплајн се направи – коментира Стоилковски, под видеото.
Пред некој ден, за време на официјален настан, Шилегов, во очекување да даде изјава за медиумите почна да свирка по личност на која и се обраќа со Симона и ја информира дека треба да го почека затоа што изјавата ќе траела кратко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.