Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, информира за неколку акции за чистење што се спроведуваат во општината, порачувајќи дека чистата животна средина е загарантирано човеково право и еден од условите за подобро здравје и поквалитетен живот на граѓаните и општинската администрација ќе работи на овозможување на такво нешто.

Денес, како дел од акцијата од големото есенско чистење на Кисела Вода, сезонските работници беа распоредени на повеќе локации во урбаните и местните заедници.

 

Се расчистува депонијата на дел од ул. „Речиште“ во Драчево која се создава со години наназад и со камиони се носи на Дрисла.

 

Истовремено, се работи и на другиот дел на општина Кисела Вода каде што се метат улиците од паднатите лисја, се чисти комуналниот отпад и со цистерна се мијат улиците, плочниците и тротоарите на улиците „Вера Јоциќ“, „Ѓорѓи Димитров“ и „Црниче“.

 

Продолжуваме со силно темпо секој ден, граѓаните на Кисела Вода ќе живеат во здрава и чиста животна средина! – порачува Ѓоргиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.